1.Дали во институцијата има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
Да
Не
2.Дали лицето за јавни набавки или коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
Да
Не
3.Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
Да, не се менуваат
Не, исти се
4. Дали за секоја набавка се изработува образложение на потребата од спроведување на набавката?
Да
Не
5. Дали има методологија/упатство и сл. документ врз основа на којшто се пресметува проценетата вредност на набавките?
Да
Не
6. Дали институцијата ги објавува на својата веб-страница годишниот план за јавни набавки и неговите измени и дополнувања?
Да, двете
Делумно, едното
Не
7. Процент на реализација на планот за јавни набавки (% на спроведени од планирани)
Висок – 90%+
Делумен – 70-90%
Низок – до 70%
8. Удел на набавки кои биле менувани со измените и дополнувањата на плановите (% на менувани набавки од планирани)
Висок – над 30%
Делумен – 10-30%
Низок – до 10%
9. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (и каков е тој систем)?
Да
Не
10. Дали институцијата ги објавува на својата веб-страница огласите за јавни набавки (целосно или како линк до ЕСЈН)?
Да
Не
11. Удел на огласи со разумни рокови (подолги од законски минималните) за барањата за прибирање понуди
Да – над 70%
Делумно – 50-70%
Не – до 50%
12. Дали има тендерски документации со дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата
Да – во повеќе од 30%
Не – до 30%
13. Дали институцијата ги доставила бараните документи како одговор на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер?
Да, во законски рок
Да, по истекот на рокот или доставена жалба
Не
14. Дали институцијата одговорила на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер во максималниот законски рок од 30 дена?
Да, во законски рок
Делумно – по истекот на рокот
Не
15. Просечен број понудувачи на тендерите спроведени од институцијата (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
16. Удел на тендери со една понуда (во однос на просекот на институциите)
Под просек
Над просек
17. Најголем удел на еден понудувач во тендерите на институцијата
Под 40%
Над 40%
18. Процент на вкупно поништени постапки за јавни набавки (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
19. Удел на поништени постапки поради немање ниту една прифатлива во вкупно поништените постапки на институцијата (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
20. Удел на вредноста на склучените договори преку постапката за преговарање без објавување оглас во однос на вредноста на вкупните договори (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
21. Удел на бројот на склучените договори преку постапката за преговарање без објавување оглас во однос на вкупниот број постапки (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
22. Удел на вредноста на склучените анекс-договори во однос на вкупната вредност на постапките (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
23 Удел на бројот на склучени анекс-договори во вкупниот број на договори (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
24. Удел на договори за кои известувањето за склучување на договорот е објавен во законскиот рок од 30 дена од денот на склучување на договорот
Да – над 80%
Не – до 80%
25. Дали институцијата ја почитува обврската за објавување во законските рокови на евиденција на постапките за прибирање понуди на ЕСЈН
Да – двете во рок
Делумно – едната во рок
Не – двете по истекот на рокот
26. Дали институцијата објавува на својата веб-страница известување за склучените договори за јавни набавки?
Да
Не
27. Удел на објавени известувања за реализиран договор на ЕСЈН
Да – над 80%
Не – до 80%
28. Дали институцијата го објавува склучениот договор и евентуалните анекси на својата веб-страница?
Да – двете
Делумно – само едното
Не – ниедно
29. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки?
Да
Не
30. Удел на жалби во однос на вкупниот број на огласи (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек
31. Удел на уважени жалби во вкупниот број на жалби (во однос на националниот просек)
Под просек
Над просек